Македонија
23. March 2019 - 9:34

Жестока тепачка на Рузвелтова, има повредени и уапсени

Синоќа околу 18:00 часот на улицата ,,Франклин Рузвелт” е пријавено дека во познато кафуле е нарушен јавниот ред и мир. Според пријавата настанала тепачка помеѓу две групи кој едниот од нив употребил и ладно оружје.

24 Инфо дознава дека тројца лица се потешко повредени со убоди од нож.

На местото на настанот брзо пристигнале екипите на МВР и единицата АЛФА кој спречиле посериозен проблем.

Полицијата не го открива идентитетот на учесниците во тепачката.