Џет-Сет
27. November 2017 - 11:46

Жестока кавга во ТЛЗП: Тијана се искара со Александра, сите во шок

Синоќешната емисија „Твоето лице звучи познато“ остана во сенка на препирките меѓу Александра Радовиќ и Тијана Дапчевиќ.

Имено, Тијана ја имитираше Тејлор Свифт, а Александра повторно тргна со своите коментари како Тејлор Свифт е просечна, на што Тијана и рече:

-Не треба да заборавиме дека Тејлор Свифт е моментално најпопуларна пејачка која заработува милиони.

Александра потоа рече дека Тијана во својот настап симнала само две сцени од спотот на Тејлор, на што Дапчевиќ рече:

-Не две, симнавме само три. Потсетувам уште еднаш дека ова шоу е од хуманитарен карактер и дека ние овде навистина го оставаме „срцето на теренот“, на што Радовиќ забесна и рече:

-Многу сум свесна дека шоуто е од хуманитарен карактер, затоа и сум толку блага во коментарите.

Тијана на ова само крајно иронично се насмеа и рече: „Хаха...Да“.

Погледнете го настапот на Тијана: