Македонија
6. јуни 2019 - 19:25

Жестока дебата за изградбата на марината во Охрид

Предлог проектите за изградба на марина предизвикаа жестока дебата на трибината во Охрид.Двете предложени локации кои се спомнуваат години наназад кај каналот Студенчишта и Грашница ги поделија мислењата на присутните . Екологистите на став дека  марина треба да се гради на  потегот помеѓу Грашница и Даљан а каналот Студнечишта да се преуреди за туристички цели ,Од клубот за едрење пак бараат ослободување на дел од пристаништето за сидрење на едрилиците.

Од Капетанија велат дека најважно е да се почитуваат еколошките стандарди да се дојде до техничко издржано решение и да нема навлегување во езерото.

Од локалната сметаат дека марина му е потребна на градот. Сопствениците на пловилата  имаат сериозни проблеми немаат каде да наточат горива,каде да ги сервисираат ,гаражираат и да ги  исчистат пловните објекти без притоа да го загадуваат езерото.

Надлежните најавија дека главната одлука за изградба на марина ќе се донесе со граѓанскиот сектор ,стручната јавност и вклучување на сите засегнати со оваа проблематика.