Македонија
14. April 2019 - 19:42

Жестока дебата на кандидатите за шеф на државата во рамките на „Детектор“ на Сител

Во динамична, напати жестока, но принципелна и рамноправна дебата Сител ги соочи тројцата кандидати што в недела ќе ја бараат поддршката од граѓаните да станат идниот шеф на државата. Во час и половина Белрим Река, Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски одговараа врз основа на граѓанските ставови за најважните политички прашања поставени во анекта што ја изработи Институтот за политички истражувања Скопје.

Тројцата кандидати очекуваат дека ќе ја имаат поддршката од припадниците на сите етнички заедници во Македонија без исклучок.

Очекувано, најмногу време кандидатите потрошија за договорот од Преспа и промената на името.

Тие и различно толкуваат како ќе се дојде до ЕУ и подбора економска состојба.

На прашањето дали во Македонија има селективна правда Силјановска и Река изречно одговорија со да. Сметаат дека нејзе ја поттикнува актуелната власт на СДСМ и ДУИ. Спротивно, Пендаровски тврди дека правната држава е урнисана од ВМРО-ДПМНЕ.

Дебатата напати добиваше и на жестина и на лични препукувања и квалификации.

Тројцата кандидати одговараа и на прашања кои им ги поставија авторитетите од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и тоа секој на спротивната страна.