Жестока дебата меѓу Трамп и Клинтон

Хилари Клинтон и Доналд Трамп ја завршија синоќа серијата дебати пред претседателските избори во САД со жестока размена на обвинувања. Изостанувањето на ракување меѓу нив и одбивањето на републиканскиот кандидат да одговори на прашањето дали ќе ги прифати резултатите од изборите, го одбележаа нивното последно соочување.
Според Би-Би-Си, кандидатите не се ракувале ни пред ниту по „политичкиот спаринг“ што влијаело на понатамошниот тек на дебатата.
Трамп, одговарајќи на прашање на модераторот Крис Волос дали ќе ги признае резултатите од изборите одговори: - Ќе ви кажам кога ќе дојде време за тоа. Тој го изјави тоа четири дена откако нагласи дека верува оти изборите ќе бидат наместени.
Својата ривалка ја нарече „одвратна“ жена.
За време на дебатата се провлекуваше и името на рускиот претседател Владимир Путин. Клинтон рече дека Путин сака да биде избран Трамп бидејќи сака марионета за американски претседател.
– Ти си марионета, возврати Трамп истакнувајќи дека Путин ја „надмудрил“ и „надиграл“ поранешната државна секретарка.
Трамп и Клинтон се спротиставија и за низа внатрешно-политички прашања како што е абортусот и правото на носење оружје. Особено остра дебата имаше за илегалните имигранти и планот на мексиканскиот претседател да подигне ѕид на границата.
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
