Живот
10. November 2015 - 12:01

Жесток татко: Го убил тренерот пред децата, затоа што неговата ќерка не влегла во игра

Одлуката на тренерот на локален женски кошаркарски клуб во Мексико, едно девојче да остане на клупата за резерви предизвикала бес кај родителот.
 
Револтиран од таквата одлука, таткото вербално го нападнал тренерот, а потоа го извадил пиштолот и го застрелал 5 пати.
 
Тренерот починал на самото место, а немилиот настан се случил пред очите на девојчињата, кои според пишувањата на мексиканските медиуми доживеале незамислива траума.
 
Убиецот се качил во такси и побегнал, а полицијата се уште трага по него. Според нивните информации, таткото бил пејач во мексикански бенд.