Македонија
23. January 2019 - 16:42

Жесток старт на дебатата за Договорот од Преспа

Дебатата во грчкиот парламент почна жестоко. Пратенците  веднаш се судрија околу процедурални прашања.  Од Нова демократија се пожалија дека нема предуслови за почеток на дебатата. Побараа на увид  да се стави комплетниот текст на македонскиот устав за да можат да расправаат за него.. По препукувањата кои траеја час и половина, мнозинството пратеници со станување од нивните места гласаа против овој приговор.  Беа отфрлении барањата на Златна  зора и Независни Грци договорот да се прогласи за нелегален бидејки нема  потпис од  пресетдателот Иванов.

За да го ратификуваме договорот, мораме да имаме јасна и целосна слика за него. Не смееме да ризикуваме Скопје да има некакви дополнителни одредби кои ке ги искористи како ке си  посака. Ова се клучни работи за парламентот, ни  и за хеленизмот.

Промените не се вметнати во Уставот, туку се додадени на веке посточекиот текст. Во моментов го немаме на увид целиот устав , бидејки тоа не се предвидува со нивниот уставен деловник. Но, тие  ги исполнија сите свои обврски. Во нивните амандмани се предвидува дека доколку ние не го исполниме  ние и тие ке ја повлечат ревизијата, што е и разбирливо.

Спикерот Вуцис најави маратонска дебата, бидејки за збор се пријавени  205 пратеници. Сепак како што истакна тој одлуката да се гласа утре , останува. Во медиумите се појавија  шпекулации дека Нова демократија може да поднесе иницијатива за гласање недоверба на владата.  Во тој случај, според грчкиот Устав и Деловникот,  расправата што е во тек се прекинува , и во рок од 48 часа, парламентот треба да го започне процесот за гласање недоверба. Овој процес  трае максимум три дена и завршува со гласање по што би требало дабсе продолжи со  дебата за  ратификацијата на Договорот од Преспа.

И Грчката јавност се подели околу договорот. 158 уметници потпишаа иницијатива за поддршка на прспанскиот договор, но во исто време Комитетот за борба за грчкиот карактер на Македонија“ ги повика граганите утре  повторно да излезат на протести  пред парламентот. Повикаа и на граганска непослушност, затворање на училиштата и продавниците,  а од црквата побараа да се огласат камбаните во знак на протест против преспанскиот догвор.

Во меѓувреме посредник на ОН за името Метју Нимиц во интервју за грчката државна агенција порача дека не стапувањето на преспанскиот договор во сила ке има опасни  последици.

Нов договор и „брзо решение", ако не успее Преспанскиот, не се можни, а двете страни веројатно ќе се повлечат и од многу прашања кои веќе се договорени. Тоа може да предизвика различни сценарија од кои некои ќе имаат и сериозни последици, вели Нимиц.