Бизнис
23. September 2016 - 17:20

Жером Кервиле треба да плати на банката Сосиете Женерал еден милион евра оштета

Апелацискиот суд пресуди дека службеникот Жером Кервиел треба да плати еден милиони евра отштета на Сосиете женерал.

Поранешниот службеник е прогласен за „делумно одговорен" од страна на Апелациониот суд од Версај за штетата причинета на банката при трговањето со акции и шпекулации на берзата, при што банката загуби пет милијарди евра, јавува дописникот на МИА од Париз.

„Колку и да е голема лукавоста и одлучноста на сторителот (...) таквата штета, не можела да биде направена без еминентно нецелосната контрола на системот на  на Сосиете женерал", вели судот во својата пресуда. „Ако кривични дела извршени од страна на Жером Кервиел директно придонесоа за правење на штетата, многу грешки се направени од страна на банкат,а кои имаа голем и одлучувачка улога", додава судот. Судот на тој начин суверено оцени во која мерка правото на оштета на тужителот е намалена, утврдувајќи ја на еден милион евра, сумата која е на товар на Жером Кервиел.

Сепак, судот го отфрли барањето за финансиска експертиза, побарана од страна на одбраната. За адвокатот на  Кервиел, експертизата би дала „историска можност да се знае што навистина се случи во овој случај."

- Борбата продолжува, а одлуката на апелациониот суд ми дава енергија за да ја продолжам борбата, одговори поранешниот службеник на прашањата на новинарите. 

Адвокатот на Сосиете женерал, Жан Веиј, од своја страна одлуката на судот ја поздрави како „сосема задоволителна" одлука. Пресудата на судот според него е извршна одлука.

Кервиел беше кривично осуден во 2010 година на пет години затвор, од кои две беа условни, за шпекулации на берзата што резултираше во 2008 година со 4,9 милијарди евра загуба за својот поранешен работодавец. Во 2014 година Врховниот суд ја потврди пресудата за прекршување на довербата, фалсификат и измама. Но, Судот ја поништи пресудата која се однесуваше на граѓанскиот дел, со која првично се бараше да се платат сите загуби од страна на Кервиел, тврдејќи дека банката имала пропусти во своите механизми за мониторинг и не може да бара целосна компензација.

Сосиете Женерал, за време на судскиот процес секогаш ги признаваше слабостите и небрежноста на својот „систем за контрола".  ", ова според банката.

Влогот на денешната пресуда е голем.  Бидејќи банкарскиот гигант доби од државата речиси 2,2 милијарди евра во 2009 година и 2010 година, поради посебниот даночен режим за претпријатијата загубари и жртви на измама. Но министерството за финансии ја остави можноста  дека тоа би можело да биде ставено во прашање, ако правдата воочи слабости во контролите на банката.