Жерновски: Зошто Шиповиќ поднесува оставка на крајот на мандатот
Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски во денешното соопштение наведува дека зачудувачки е чинот на претседателот на Советот на општината Мирослав Шиповиќ да си поднесе оставка на крајот на мандатот.
- Тој во образложението вели дека поднесува оставка од лични причини, за подоцна да изјави дека тоа е заради лошата соработка со мене како градоначалник. Не е точно дека тој ме чекал да го примам пред канцеларија, но точно е дека соработката беше нарушена од причини добро познати на јавноста, вели Жерновски.
Нарушувањето на соработката, како што додава, била директна последица на донесувањето на ДУП-от за Водно од советниците ВМРО-ДПМНЕ и улогата на Шиповиќ во исходот од гласањето. Во контекст на тоа Жерновски потсетува дека таквото негово однесување е во спротивност со ставот на коалицијата, предводена од СДСМ.
- На така изгласаниот ДУП, со кои се дозволи градење на десеткатниците на Водно, ставив вето и го оспорив на Уставен суд. Но, оттогаш се поминати две и пол години, прашање е зошто го чекал крајот на мандатот за да поднесе оставка, истакнува Жерновски.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите