Жерновски повторно побара прекин на наставата поради загадувањето
Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски ја поздрави најавата на скопскиот градоначалник дека Градот Скопје може да даде предлог до Министерството за образование и наука за прекин на наставата доколку повеќе од пет дена продолжи високата загаденост.
- Како што веќе апелиравме мора итно да се донесат мерки за заштита од загадениот воздух. Утрово, воздухот во Центар е загаден девет пати повеќе од дозволеното, а вчера Скопје беше најзагаден град во Европа. Прекин на наставата е најбрзата од низата на мерки кои треба да се донесат час поскоро, за децата да не трпат последици по здравјето, вели Жерновски.
Тој апелира Министерството на образование и наука да ја прифати иницијативата на општина Центар и да донесе одлука за прекин на наставата. Од Градот и од надлежните институции побара да ги разгледаат сите останати можности и мерки и да усвојат пакет решенија за заштита на здравјето на граѓаните.
Ново на Сител
-
Меѓаши: Сериозно е нарушена психолошка состојба на децата
-
Со исказ на сведоци денеска продолжи судењето за Пендиков
-
Силјановска убедливо води во собрани донации
-
Тема на денот со Петер Бајер, пратеник на ЦДУ во германскиот Бундестаг
-
„Алкалоид“ донираше течен „омепразол“ на детската клиника и на клиниката „Козле“ за 200 дечиња
-
Преглед на вести од светот
-
30 дена притвор за полицајците од затворот „Идризово“
-
Разузнавачот останал без пасош