Жерновски-Коблер: Австрија гласен поддржувач на евроинтеграцијата на Македонија
Заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски се сретна денеска со австриската амбасадорка во Македонија Ренате Коблер.
Соговорниците ја потврдиле одличната билатерална соработка меѓу Македонија и Австрија, со акцент на гласната и активна поддршка на Австрија кон евроинтегративниот пат на земјава со надеж дека Македонија ќе ги почне пристапните преговори со Унијата за време на претстојното австриско претседавање од 1 јули 2018 година.
Како што соопшти МНР, заменик-министерот Жерновски информирал Коблер за приоритетните реформски активности на Владата, како и за преземените активности насочени кон добивање на конкретен датум за отпочнување на преговорите со Европската унија.
Амбасадорката Коблер ја потврдила континуираната активна и гласна поддршка кон Македонија во насока на остварување на амбициите за членство во Европската унија и изрази надеж дека Македонија ќе ги отпочне преговорите со Унијата на претстојниот Самит на ЕУ.
Го поздрави брзиот напредок на македонската Влада во спроведувањето на потребните реформи и преземените активности за решавање на билатералните прашања со соседите, се додава во соопштението на МНР.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители