Loading Video...
Фудбал
22. September 2020 - 17:55

Женската селекција на Македонија домаќин на Франција

Седум фудбалерки од македонската женска репрезентација добија позитивни резултати од првиот скрининг тест на Ковид-19 и тоа вчера пред мечот против Франција што црвено-жолтите треба да го играат вечерва на арената „Тодор Проески“ во рамките од евро-квалификациите. 
 
Две фудбалерки од Каменица Саса и пет од екипата на Тиверија се позитивни на Ковид-19, па селекторот Изов дополнително мораше да повика нови фудбалерики. 
 
Инаку натпреварот Македонија – Франција е дуел од „Г“ квалификациската група во која Австријките со денешната победа над Казахстан со 5-0 и  максимални 15 бодови по пет одиграни средби се на првото место на табелата, пред Франција која има исто така максимално 9 бода, но од три натпревари. 
 
По нив следуваат Србија со 9 бода од 6 меча, Македонија со 3 бода од пет одиграни натпревари и последно пласираната селекција на Казахстан која ги загуби сите пет одиграни натпревари. 
 
Натпреварот меѓу Македонија и Франција ќе започне од 21 часот.