Бизнис
8. March 2017 - 19:28

Жените заработуваат помалку од мажите, потребна е рамноправност

Само кога ќе стигне до менаџерска позиција, жената има иста плата како мажот. Во сите други случаи, жените се помалку платени. Истражувањата на Фајнас тинг покажуваат дека во Македонија жената зема за 12,5% помала плата за иста работа од својот машки колега со исто образование.

Државните проекти кои ги стимулираат жените да почнат сопствен бизнис се покажаа како добри, но мора да се работи и во друг правец. Најпрво, да се охрабри жената да верува дека домот не и е единствената работа.

Македонија не е исклучок кога се работи за пониските плати на жените. Според Евростат, во ЕУ за иста работа за секое заработено евро кај мажите, жените заработуваат во просек по 16 евро центи помалку. Слично е кога станува збор и за менаџерските позиции. Секоја трета фирма во ЕУ е управувана од жена.