Жените во Македонија се директорки на градинки и училишта, мажите менаџираат со големи компании
Се помалку жени на раководни позиции. Само 12 отсто од нив се избориле да бидат на врвот и да управваат со работата во институциите . Најчесто тоа е или градинка или училиште. Во поголемите компании ги нема. Уште еден проблем со кои се соочува жената во општествотот е што тешко може да го развие сопствениот бизнис.
Најмногу околу 30 проценти од микро и малите фирми се основани токму од жени. Но најчесто остануваат како мали компании со по двајца вработени, затоа што жената нема доволно едукација и ресурси да ја шири својата дејност, велат од ССК.
Од здружението на жени потенцираа дека сеуште на некој места постои и мобингот на жената но многу малку се зборува за тоа. Во некој дејности дискриминирани се и во однос на примањата. Од конфедерацијата на рабодовачи потенцираа дека во бизнсиот нема поделеност, но се сложуваат дека треба уште да се работи на родовата еднаквост
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар