Џет-Сет
15. March 2017 - 13:09

Жените испуштаат воздишки кога ќе го видат - Запознајте го Омер од „Вљубениот ерген“

Го знаеме како Омер од „Вљубениот ерген“, а неговото вистинско име е Бариш Ардуч. Овој 29-годишен актер за кратко стана еден од омилените во Турција а за тоа постојат повеќе причини. 

1. Заводлив изглед

Секогаш кога Бариш ќе реши да го покаже своето тело, илјадници жени испуштаат воздишка. И повеќе од јасно е дека се грижи за тоа како изгледа, а воедно и редовно вежба за да биде во форма.

2. Одличен глас

Освен тоа што зборува 4 јазици, одлично пее. Што подобро од супер жежок дечко кој ќе ви пее на увце?

3. Роден за модел

Сè што ќе облече на него изгледа феноменално. Кога не би бил актер, со сигурност би поминал како модел.

4. Носител на бројни награди 

Во 2016-та беше избран за „Маж на годината“ од турскиот GQ магазин.

5. Добро срце

Бариш ја користи својата слава за добри дела и е амбасадор на добра волја во Life Without Cancer Society.