Живот
6. July 2016 - 16:34

Жената му кажала дека газдата ја принудил на секс - Неговата одмазда е повеќе од болна

Поранешен јапонски боксер е осуден на четири и пол години затвор, бидејќи на шефот на неговата сопруга му го отсекол пенисот, соопштува судот во Токио.

Ики Кочугаи на овој чекор се осудил бидејќи сопругата му кажала дека шефот, кој е адвокат, ја принудувал на секс. Она што пропуштила да каже е дека била во доброволна љубовна врска со својот шеф.

Овој случај се случил во август минатата година. Поранешниот боксер, а сега студент по право дошол во адвокатската кацеларија, го нокаутирал шефот и со ножици му го отсекол пенисот.

Веднаш потоа ој бил уапсен.

Тој подоцна, за време на судењето м усе извинил на шефот, а добил извинување и од адвокатот кој се покајал поради тоа што спиел со неговата сопруга, пренесува „Санкеи“.