Балкан
22. March 2017 - 21:24

Жената ја задави со голи раце: На убиецот никој не му дојде на погреб, го закопаа гробарите

Ратко Анѓелковиќ (55) кој во саботата ја уби сопругата Мира (43) па се обеси, е погребан вчера во родното село Мањак кај Владичин Хан во присуство на неколку гробари кои го закопаа.

Мира Аранѓелковиќ е погребана во родното село Мачкатица кај Сурдулица.

Претседателот на општина Владичин Хан Горан Младеновиќ најави дека локалната самоуправа ќе им помогне на сестрите Ана (22) и Анита (20) кои останаа без родителите, за да продолжат да живеат во нормални услови.