Македонија
16. February 2021 - 17:11

Жена загина во пожар во село Жилче

На 16.02.2021 во 07.10 часот во СВР Тетово е пријавено дека настанал пожар во помошен објект до куќа во тетовското село Жилче, во кој била пронајдена почината 80-годишната Р.Ѓ. од ова село.

Пожарот, кој го пријавил нејзиниот 44-годишен син, е целосно изгаснат од тетовската Територијална противпожарна единица.

Извршен е увид од Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.