Свет
14. February 2020 - 10:02

Жена вреска додека ја ставаат во метална кутија: Цели семејства извлекуваат од зграда, шокантни снимки од Кина

Шокантни снимки споделени на социјалните мрежи покажуваат хорор, страв и бес на кинеските државјани додека ги ставаат во карантин поради наглото ширење на корона вирусот.

На снимката се слуша врескање на жена која официјални лица ја ставаат во метална кутија за да ја однесат во изолација.

Кинескиот потпретседател на Влада минатата недела им нареди на властите во Вухан сите потврдени и потенцијални заразени со коронавирусот, оние со кои имале контакт и оние кои имаат треска, да се стават во карантин, пренесува Дејли мејл.

На снимката која стана вирална на Твитер се гледаат маж и жена како ги носат до метални кутии, кои се наоѓаат во багажникот на камион.

На другата шокантна снимка наводно се гледа четиричлено семејство кое од зграда го извлекуваат службеници во заштитна облека.

Се претпоставува дека одбивале да влезат во карантин. Снимката наводно настанала во градот Нантонг во источна Кина.

Автентичноста на снимката не може да се потврди.