Свет
17. July 2016 - 11:25

Жена вика: „мојата ќерка“ додека камионот ја гази толпата, осамна најужасната снимка од Ница

На социјалните мрежи се појави најужасната снимка од масакрот во Ница, на кој се гледаат толпа луѓе кои уживаат во прошетката по променадата и го гледаат огнометот по повод Денот на Бастиља. Одеднаш сите почнуваат да врескаат, а од никаде се појавува големиот бел камион кој поминува низ масата и гази луѓе.

Во тој момент се слуша вресок на очајна жена која извикува: „мојата ќерка, мојата ќерка“...

Во масакрот во Ница пред три дена со камион со кој управуваше Французин со туниско потекло беа прегазени 84 лица, а повредени повеќе од 100.