Македонија
12. September 2018 - 14:44

Жена тешко повредена во страoтна сообраќајка кај Ростушки мост

На регионалниот пат Маврови Анови - Дебар, во непосредна близина на Ростушки мост, утринава во 4:30 часотпатничко моторно возило „БМВ“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(55) од село Бајрамовци, Центар Жупа, изгубило контрола и удрило во бетонски заштитен sид.

Од ударот со тешки телесни повреди се здобила сопатничка во возилото, Д.М. од Скудриње.

По укажаната лекарска помош во Здравствениот дом Ростуше и во болницата во Дебар, таа била пренесена во болница „Свети Еразмо“ во Охрид.

Извршен е увид на местото на настанот.