Македонија
7. August 2021 - 10:35

Жена тешко повредена во сообраќајка во Кавадарци

Жена родена 1977 година е тешко повредена во сообраќајка која рано утрово околу еден часот се случила во Кавадарци. Со повреди се здобил и мотоциклист роден 2004 година, потврди за МИА, Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Според првичните информации од Брза помош, поради сериозноста на повредите, по укажаната прва помош, жената била препратена на скопските клиники.

– Момчето немаше животозагрозувачки повреди, но делуваше исплашено и вознемирено, рече за МИА, дежурниот лекар Мирослав Нерков.

Тој додаде дека ова не била единствената сообраќајка изминативе 24 часа на теренот кој го покрива кавадаречката Брза помош.