Македонија
11. January 2019 - 10:47

Жена тешко повредена во сообраќајка во Бутел

Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 18.45 часот на улица „Бутелска“ во Скопје.

Од полицијата информираат дека се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Туарег“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.М.(38) од Скопје и патничко возило „Рено 9“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.П.(18) од Скопје.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила И.П.(48), сопатничка во возилото „Рено“. Таа била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје каде и била укажана лекарска помош, велат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје