Свет
3. јуни 2018 - 22:15

Жена седеше на работ на мост и сакаше да се фрли: Еве како се прикрадоа полицајците и и го спасија животот

Полицијата објави снимка од жена од Хјустон која седела на работ  на мост со намера да се самоубие. мостот е висок 55 метри и е познат по бројните самоубиства.

Се се случило на 25 мај, но полицијата дури сега ги објави снимките. Се гледа како полицањецот полека и приоѓа на жената и и се обраќа.

-Госпоѓо, дојдете да разговарате со мене, не сте во неволја, и рече додека и се приближуваше.

Се чини дека тоа било доволно да и го сврти вниманието, па другите двајца полицајци буквално се фрлија врз неа и ја одвлекоа од мостот.

Полицаецот Бени Болс рече дека ова не е прв ваков случај, но ако затекнат лице на мостот знаат дека секогаш има надеж да го спасат.

-Ова не е првпат да добиеме повик. Ако лицете се уште не скокнало, имаме големи шанси за успех на акцијата за спасување, рече Болс.