Живот
24. September 2015 - 9:29

Жена се породила во автобус и помогнале возачот и патниците

Несекојдневен настан се случи во Кина, а сето тоа го сними камерата која била вградена во атобус.
 
Жена, чиј идентитет не е објавен, почнала да се пораѓа на улица во градот Хаининг, а на помош дошле возачот на автобусот и патниците во него.
 
Жената врескала од болки, па тие ја внеле во автобусот каде се породила.
 
Во тој момент стигнале и болничарите, па се се завршило во најдобар ред.
 
Според пишувањата на кинеските медиуми, сопругот се обидел да ја однесе сопругата до болница, но не успеал.