Македонија
1. April 2019 - 16:15

Жена се лизна на кејот и се удави во Вардар кај МАНУ

77-годишна жена се удави во водите на Вардар во центарот на Скопје. Станува збор за И.Т. од село Петровец. Според првичните сознанија, не станува збор за самоубиство, туку за несреќен случај.

Според извори од истрагата, жената се движела на скалите на кејот по што се лизнала и паднала во Вардар. Реката го носела нејзиното тело околу 200 метри и била извлечена кај мостот кај Комплексот банки.

Случајните минувачи се обиделе да и помогнат, но жената не давала знаци на живот. Била повикана полиција и Итна медицинска помош, но лекарите само констатирале смрт.

Увид на местото каде што било извлечено телото изврши судската медицина. По завршувањето на увидот, телото на починатата беше однесено со возило на погребално претпријатие.