Македонија
28. July 2018 - 11:44

Жена ранета од огнено оружје, ја погодил куршум испукан на семејна веселба во Тетово

Вчера во 21,50 часот во Секторот за внатрешни работи Тетово од Клиничкиот центар-Тетово било пријавено дека кај нив била донесена Ф.А. (53) од Тетово со нанесена повреда на левата надлактица од огнено оружје.

Имено истата додека била на свадбена веселба во дворот од куќа на улицата „Полог“ во еден момент се пожалила на болки, по што од еден присутните била пренесена во Клиничкиот центар во Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.