Македонија
6. October 2020 - 16:24

Жена пронајдена почината во сопствениот стан во Скопје

Вчера во Скопје 89-годишна жена била пронајдена почината во својот стан. Како што стои во соопштението од МВР:

„На 05.10.2020 во 18.25 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во сопствениот стан на ул.„ Васил Ѓоргов“ била пронајдена почината З.П.(89) од Скопје.

Смрт без видливи траги на насилство констатирал доктор од Итна медицинска помош, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција.“