Живот
24. December 2018 - 14:20

Жена пресечена на пола: Ужасна снимка, се се одигра во секунда, право на неа налета чистач на снег

Една жена (43) почина на самото место откако чистач на снег удри во станица полна со луѓе во Русија и несреќната жена ја пресече на пола.

На ужасната снимка се гледа како возилото е вон контрола, како се движи кон пешаците кои чекале автобус на станицата, а потоа удира во нив и се забива во зградата позади.

„Жената е пресечена на половина, тоа беше ужасно“, рече една жена која била сведокот на ужасниот настан.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Снимката е со вознемирувачка содржина.

Полицијата во регионот Камчатка потврди дека жената починала на самото место од повредите.

Возачот (33) е под истрага поради инцидентот, а засега не е познато зошто ја изгубил контролата над возилото.