Македонија
28. November 2018 - 10:51

Жена прегазена во Кисела Вода - итно пренесена во болница

Жена се здобила со тешки повреди откако вчера околу пладне била удрена од автомобил во Кисела Вода.

Несреќата како што информираат од МВР се случила на крстосницата од улица „Борис Трајковски“ и улица „Народни херои“.

-А.Б.(29) од Скопје управувајќи товарно моторно возило „Фолксваген Кеди“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот В.К.(74) од Скопје. В.К. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.