Македонија
5. May 2019 - 11:16

Жена прегазена на Партизанска

Вчера во 10:30 часот на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, товарно возило „Мерцедес спринтер“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 44-годишниот И.А. од село.Милетино, тетовско, удрило во пешакот Н.И.(77) од Скопје.

Н.И. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во  Градската општа болница „8-ми Септември“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје