Свет
20. August 2019 - 20:38

Жена почина, 56 хоспитализирани од инфицирано свинско месо во Шпанија

Жена почина денеска, 56 луѓе се хоспитализирани и десетици други се погодени од најголемото досега огниште на листериоза во Шпанија, јави Би-Би-Си.

– Објавена е тревога за целата држава заради листеријата која најверојатно ги инфицирала заболените по консумирање пакувано свинско месо од фирма во Севиља – изјави Марија Луиса Карседо, министерка за здрваство на Шпанија.

– Ја следиме ситуацијата, наредивме целата стока на фирмата произведена од мај досега да биде запрена за продажба – додаде таа.

Најголемиот брог од 114 случаи се во Андалиузија, јужна Шпанија, но има случаи и од Мадрид до Тенерифе.