-->
-->
Жена по име Америка стана државјанка на САД на 99-годишна возраст
-->
Америка Марија Хернандез (99) вчера стана државјанка на САД, пренесува БТА.
Америка е родена во Колумбија во 1917, а во САД живее од 1988 година, кога нејзината ќерка Ортенсија ја повикала за да и помага во чување на детето. Таа има 12 деца, 22 внуци и 12 правнуци.
Вчера старицата потпиша документ за натурализација и ја положи заклетвата за лојалност во својот дом.
- Живеам во Њујорк, престолнината на светот, рече таа и развеа американско знаменце.
Според американската Служба за државјанство и имиграција, 730.000 лица добиле државјанство 2015 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно