Македонија
4. May 2021 - 16:16

Жена од Валандово силувана од свој роднина

Жена од Валандово била силувана од свој роднина.

- На 04.05.2021 во 02.20 часот, полициски службеници од Полициската станица Валандово го лишиле од слобода Д.У.(39) од Валандово, поради сомнение дека на 02.05.2021 извршил обљуба врз 39-годишна жена од Валандово, негова роднина, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.