Жена, мајка, кралица: Има 37 години,а родила 38 деца
Мариам од селото Кабимири во Уганда, е невидено плодна.
Таа за своите 37 години родила дури 38 здрави деца, а сите се зачнати со ист маж.
Нејзините мештани поради тоа и го доделија прекарот „Налонго Музаала Бана“ кој во слободен превод значи „Мајка на близнаци која раѓа четворки“.
Мариам до сега шест пати родила близнаци, четири пати тројки, три пати четворики и само два пати родила по едно дете.
Иако овие рекордни повеќеплодни бремености се изненадување за поголем број луѓе, не ја шокираа Мариам, која вели дека склоноста за тоа долго постои во нејзиниото семејство.
-Мојот татко има 45 деца со неколку разлочни жени, а сите му раѓаа двојки, тројки и четворки, изјави таа.
Вели дека неколку пати барала од лекарите совет како да ја смали својата плодност, но и рекле дека со оглед на тоа што произведува толку јајце клетки, хормоналните контрацептивни методи, како и останатите би можеле да и наштетат на здравјето.
-Моментално живеам со 21 дете. Неколку од децата ги посвоија двојки кои не можеа да имаат деца. Останатите живеат со наиште роднини и членови на семејствата кои ни помогаат да ги прехраниме.
Експертите кои ги набљудувале нејзините деца велат дека тие не само што се изненадувачки здрави, туку и натпросечно интелегентни.
Ново на Сител
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април
-
Битиќи: Работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори во 2025
-
Македонија треба да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“
-
Мицкоски најави нови проекти во Гевгелија
-
Бабовски: Кај нас нема од вафлите Нестле што се повлечени од хрватскиот пазар
-
Скопјанец наплаќал паркинг на државно земјиште