Македонија
21. December 2017 - 13:17

Жена касната од куче во Ѓорче Петров

Педесет и двегодишна жена вчера била касната од куче во скопската населба Ѓорче Петров.

МВР соопшти дека Р.Т. вчера попладне во 15:10 часот додека се движела пеш по улицата „Алексо Демниевски“ во Ѓорче Петров, била нападната и касната за десната потколеница од куче, според неа, од расaта волчјак.

Лекарска помош и била укажана во Ургентен центар во Скопје.