Македонија
30. January 2017 - 12:52

Жена "камен" пијана паднала од автобус на ЈСП

 
Во 23 часот синоќа во Ургентен центар Скопје со возило на Итна медицинска помош била донесена 44-годишната К.Ј.Г. од САД, а со живеалиште во Скопје, која доживеала страшна несреќа додека се возела со автобус на ЈСП.
 
Полицијата денеска информира дека откако автобусот застанал на автобуска постојка на улица „Ѓорче Петров“ , при симнувањето од автобусот жената се лизнала и паднала на тротоарот. Веднаш дошла Итна помош и таа била пратена на Клиниката за Максиофасцијална хирургија.
 
Над истата е извршено алкотестирање, при што е утврдено присуство на алкохол во крвтта од 3,39 %о.
 
Од страна на екипа од СВР Скопје извршено  е фотографирање на автобусот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот