Македонија
17. January 2019 - 11:08

Жена и маж каснати од куче

Вчера во 17.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Н.Ц.(50) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 16.30 часот на улица „Лука Геров“ била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Истиот ден во 14.40 часот во Полициската станица Гази Баба, В.Д.(40) од Скопје пријавил дека околу 08.00 часот на улица „15-ти Корпус“ бил каснат од куче скитник во пределот на ногата.