Македонија
11. February 2019 - 9:59

Жена и дете каснати од кучиња скитници во Скопје

Вчера во 11.00 часот во Полициската станица Центар, А.Г.(29) од Скопје пријавила дека истиот ден 09.30 часот на ул. „Кеј 13-ти Ноември“ била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Истиот ден во 14.00 часот во Полициската станица Центар, Ј.Н.(37) од Скопје пријавил дека на во саботата околу 16.00 часот на улица „Капиштец“ неговиот 14-годишен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата надколеница.