Македонија
2. July 2020 - 11:22

Жена и 10-годишно девојче тешко повредени откако во нив удрил автомобил

Вчера во 09.15 часот било пријавено дека во Радовиш на бул.„Александар Македонски“, патничко возило „фолксваген голф“, со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(59) од с.Лакавица, удрило во пешаците П.Б.(69) и 10-годишно девојче, двете од Радовиш.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобило девојчето, а со телесни повреди се здобила П.Б., констатирани во ЈЗУ-Радовиш, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Радовиш, стои во соопштението од МВР.