Loading Video...
Свет
2. October 2018 - 23:06

Жена доби нобелова награда за физика за првпат по 55 години

Артур Ашкин, Жерард Моро и  Дона Стрикленд се добитници на Нобеловата награда за физика за 2018 година за унапредување  ласерската физика. Ашинкин развил оптиќки пинцети со кои можат да се фата ситни честички како што се вирусите ,а при тоа да не се оштетат. Стрикленд и Моро помогнале во развивање кратки ин интензивни ласерски импулси кои имаат широка индустриска и медицинска примена.Инаку  Дона Стрикленд стана третата физичарка која ја добила Нобелова награда, по Марија Кири во 1903 и Марија Геперт –Мајер во 1963 година.