Живот
30. December 2015 - 16:54

Желка која има 200 години, еве како изгледала на 70 а како изгледа денес

Желка со име Џонатан од островот Света Јелена на јавноста стана позната откко е објавена фотографија во 1902 година кога имала околу 70 години и фотографија од 2014 година.
 
Како што наведуваат таа има 200 години и е најстариот рептил на земјата.
 
Таа на островот Света Јелена е донесена 1882 година а во 1930 година гувернерот Спенсер Дејвис и го дал тоа име. Точната бројка на години не се знае, но се шпекулира дека е родена околу 1832 година.
 
Денес најстарата желка живее во резиденцијата на гувернерот на островот Света Јелена и е државно сопствеништво.