Балкан
7. March 2017 - 14:53

Жељко не се сеќава дека ќеркичката му загинала, и да му кажат веднаш ќе заборави

Не знаев дека е започната постапката против жената која го уништи нашето семејство. Не ме интересира на колку години ќе ја осудат, бидејќи ништо не може да се врати. Ни животот на мојот двегодишен ангел, ни среќата која ја имавме до тој кобен ден.
 
Вака за „24 сата“ ја започнува својата потресна приказна Санела Приспиловиќ од Хрватска. Таа пред два дена пристигнала во посета на нејзиниот шестгодишен син, кој го чуваат нејзините родители, после кобниот 11 ноември 2016 година.
 
Тоа утро, околу 7:50 часот, тој се движел кон автобуската станица со неговиот татко Жељко (41), кој во рацете ја носел двегодишната Ема. Оделе да го земат здравственото осигурување за мајка му, која на Клиника во Загреб се лечела од рак.
 
Кога се приближиле до постојката, на таткото со „шкода октавија“ налетала Ива В. (22). Од силниот удар ќерката излетала од рацете на таткото и паднала на плочникот, додека тој останал да лежи непокретен. Момчето немо ја гледало трагедијата.
 
Девојчето починало набргу, а таткото по некое чудо останал жив. Мајката ја напуштила болницата и го ставила своето лечење на пауза, за постојано да биде покрај сопругот, додека тој се разбуди од кома.
 
-Син ми се уште има кошмари. Често се потсетува на она што им се случи на сестра му и на татко му. Бевме да го посетиме. Храбро се држеше и со ништо не му покажа на татко му дека неговата љубимица ја нема, затоа што знае дека тој не се сеќава на ниеден детал од несреќата – раскажала Санела.
 
Жељко тешко комуницирал и брзо заборавал.
 
-После неколку часа не се сеќаваше ни на таа посета. Докторите ми рекоа дека ќе му ја кажат вистината за трагедиајта кога неговото здравје тоа ќе го дозволи, бидејќи се уште не е подготвен да се соочи со болната реалност – вели таа.
 
Во меѓувреме, се чека судењето на Ива, на која и се заканува казна од една до осум години затвор.