Џет-Сет
18. јуни 2018 - 8:41

Жељко Јоксимовиќ купува куќа од 3 милиони евра

Јована и Жељко имаат големи животни барања и досега станот им беше доволен, меѓутоа, по синот Коста, пристигнаа и близначките Срна и Ана, па им се зголеми потребата од простор. Уште во почеток на бракот разговараа дека би сакале еден ден да живеат во куќа, па сега е вистинско време да го реализираат тој свој сон“, раскажува извор близок на двојката.

Куќата се наоѓа во елитна белградска населба и нејзината цена изнесува 3 милиони евра.Инаку, популарната двојка планира во дворот да изгради базен, но и игралиште за деца, како и трпезариски дел за летни вечери и дружења. Во куќата, Жељко ќе има посебен дел во кој ќе може да твори кога е надвор од студиото.

Самата куќа не е евтина, па затоа го продаваат станот и планираат да земат кредит. Сакаат куќата да биде комплетно приспособена за петчлено семејство со мали деца. Исклучително им е важно да имаат опремен двор и сите деца да имаат своја соба, особено кога ќе пораснат. Тие сметаат дека куќата е одлично опкружување за растење на децата“, објаснува изворот.