Железничкиот транспорт лани со загуби од 512 милиони денари и двојно помалку патници
Со физибилити студијата што ја најави Владата треба да се одредат следните чекори што ќе овозможат ефективно и ефикасно работење, како и квалитетна услуга за железнички транспорт на граѓаните преку ЖРМ Транспорт, кое и минатата година забележа загуби во работењето. Возниот парк, според најавите, ќе се обнови со две локомотиви донација од Турските железници со кои се разгледуваат можности за соработка во делот на одржување на железничките возила.
Од железничкото претпријатие за МИА велат дека ја завршиле 2020 година со негативен резултат заради состојбата со Ковид-19. Нивните податоци покажуваат вкупна загуба од 512.123.000 денари. Во товарниот сообраќај претпријатието бележи загуби од 145 милиони денари, а во патничкиот од 45 милиони денари. Се надеваат дека ќе се надмине ситуацијата со Ковид 19 и ќе нема порестриктивни мерки што ќе влијаат на обемот на работа.
Во постапка се за донација на две локомотиви од Турција, а потоа ќе следи и соработка со Турските железници (ТЦДД) за одделот влеча на возови и одржување.
Од Кабинетот на вицепремиерот за координација на економските ресори во Владата за МИА информираат дека во Буџетот за 2021 година се предвидени 400 милиони денари субвенции за загуби во патничкиот собраќај, ист износ како и во претходните години.
-Токму поради тоа Владата размислува за начини на реструктурирање на некои од јавните претпријатија, вклучително и МЖ Транспорт за која ќе се изработи физибилити студија која ќе ги одреди следните чекори кои ќе носат кон ефективно и ефикасно работење, како и квалитетна услуга за железнички транспорт на граѓаните, велат оттаму.
Со годишниот план за јавни набавки предвидени се средни или главни поправки на дел на железничките возила. ЖРМ Транспорт и Турските железници, велат од Кабинетот на вицепремиерот, продолжуваат со интензивни комуникации на сите нивоа за донација на локомотиви од страна на Турската железница како и проширување на соработката околу одржување и обука за железничките возила.
Заклучно со ноември лани ЖРМ Транспорт превезле 234 115 патници во внатрешниот патнички сообраќај, што како последица на ковид пандемијата е повеќе од двојно помалку споредено со 2019 година.
По регистрираните 39 628 патници во јануари 2020, 31 349 во февруари и 22 237 во март, поради пандемијата и воведени рестриктивни мерки, следеше значителен пад во април и мај, кога биле превезени вкупно 3 059, односно 9 317. Наредните месеци се бележи зголемување, односно во јуни се превезени 15 433 патници, во јули 20 242, август 21 803. Во септември 26 359, во октомври 25 327, во ноември 19 361.
Во 2019 година, железничкото претпријатие превезе вкупно 546 438 патници, а месечниот број тогаш тогаш се движеше меѓу 37 000 и 52 000. Приближна бројка беше регистрирана и во 2018 и изнесуваше 534 264.
МИА
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи