Македонија
14. December 2019 - 11:41

Железничка несреќа - воз удри во автомобил, едно лице пренесено во болница

Вчера напладне на железничка пруга Велес-Кочани, на патен премин кај селото Лозово, се случи железничка незгода во која патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Кочани удри во автомобил со скопски регистарски ознаки.

Како што информираат од МВР, со автомобилот управувала 30-годишната И.Б.од селотоМилино, која се здобила со повреди и била пренесена во Општата болница Велес, за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.