Свет
4. January 2017 - 18:59

Железничка несреќа во Њујорк: Воз излета од шините, повредени 37 луѓе

Триесет и седум лица се полесно повредени откако њујоршки локален воз, кој утрово патувал од Лонг Ајленд, удрил во засега непознат објект и излетал од шините на станицата „Атлантик“ во Бруклин.

Канцеларијата за управување со вонредни ситуации од Њујорк соопшти дека возот, кој се движел со многу мала брзина, веројатно удрил во платформа на станицата или во браник.

Една патничка изјавила дека слушнала силен тресок кога возот влегувал во станицата, а друга тврди дека возот се движел побрзо од вообичаеното пред да се случи несреќата.