Спорт плус
30. August 2015 - 7:47

Железарец во следната фаза од Футсал куп на УЕФА

Македонскиот шампион во футасл екипата на Железарец успеа да ја мине првата фаза од Футсал купот на УЕФА. Синоќа во решавачкиот натпревар за првата позиција од групата го победија шампионот на Израел Бен Гурион со 3:2.

Противникот поведе со 1:0, но македонскиот првак направи пресврт и на полувремето беше 2:1 за Железарец, а потоа и 3:1. До крајот на дуелот Бен Гурион успеа само да намали.
 Во следната рунда која се игра од 29 септември до 5 октомври. Противници на Железарец: се Словматик Братислава (Словачка), Анјдховен (Холандија) и Сиеви Футсал (Финска) победник од група Д.