Спорт плус
30. May 2016 - 9:02

Железарец освојувач и на националниот куп

Екипата на Железарец е победник во футсал Купот на Македонија откако синоќа во Битола во финалниот дуел беше подобра од тимот на Јувентус Серава со убедливи 7:0.
 
Двоен стрелец беше Мартин Тодоровски, а по еднаш погодија Таулант Исмаили, Игор Леовски, Драган Петровиќ, Иван Крстевски и Дарко Ранготов.
 
Железарец оваа сезона ја освои и шампионската титула и со успехот во купот повторно се освојувачи на двојната круна.