Македонија
16. December 2019 - 16:10

Жбогар: Во моментов не гледам дека има потреба од ветингот во судството

Европската унија смета дека Македонија нема потреба од ветинг на правосудството во моментов. Проверката на судската фела може да почека. Ваква порака упати евроамбасадорот, кој рече и дека ветингот е последна опција по која треба да се посегне, доколку за тоа се обезбеди консензус во земјава. Тој оцени дека состојбата во правосудството  не била толку лоша...загрижувачка?

Но дали ќе има ветинг, зависело од одлуката на самата земја. Жбогар рече дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Македонија.

За разлика од Жбогар, првиот човек на Уставниот суд Сали Мурати не сакаше да зборува на оваа тема. Средба се случи зад затворени врати, без присуство на новинари, бидејќи им беше забрането да влезат.